Извршување на проекти
Монтажа на систем за звучна изолација, акустични решенија и намалување на звук во индустриски зони.
Монтажата на систем за звучна и акустична изолација е претпоследен чекор во целиот процес на намалување на звукот. Го спроведуваат различни тимови на ДЕЦИБЕЛ, во зависност од потребата: Ззучна изолација во станбени и јавни простории, звучна изолација во индустриски зони, намалување на звукот на машини и возила, акустичен третман на простории.
Монтажата се врши по внатрешно корпоративни процедури, во зависност од рокот,степенот на сложеност, прецизност и работното време.
Фазите во процесот на монтажа се документираат со цел архив и евиденција на секој извршен процес. По извршување на монтажата, последен чекор е мерење на постигнатите резултати и споредба на вредностите.