Надзор кој следи квалитетно исполнување на звучна изолација
Надзор кој следи квалитетно исполнување на звучна изолација, акустика или индустриски мерки за намалување на звук
Кога екипата на DECIBEL проектира даден објект или систем за звучна изолација, секој објект е координиран од надзор, кој следи правилно извршување на конкретен предмет.
Така се осигурува дека сите процеси и специфични моменти во изградба на системот или објектот, се исполнети коректно, според претходно направен проект и според упатства на проектантите.
Во зависност од степенот на сложеност на извршување, се наметнува и постојана контрола на работната локација. Ова дава и можност за целосно документирање и евидентирање на целиот процес.